Мајка од Скопје заврши во полициска станица, откако претходно си ги претепала своите малолетни деца, информираат од Министерството за внатрешни работи. Децата биле згрижени од Центарот за социјални работи.
„На 08.05.2023 во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.И.(34). Таа се сомничи дека во домот каде што престојуваат, физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б.И. била задржана во полициска станица,а децата биле згрижени од Центарот за социјални работи“, информираат од МВР за Прес24.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат надлежните власти.
Исто така, вчера на подрачје на Ѓорче Петров била нападната 45-годишна жена од малолетник.
-На 08.05.2023 во 21.00 часот во СВР Скопје, В.Ќ.(45) од Скопје пријавила дека на 02.05.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од еден малолетник, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.