Женска тепачка во автобус на ЈСП… Средношколец фатен со нож во училиште

|

Две жени нападнале млада девојка на 18 години, сред бел ден во автобус на подрачјето на Центар, откако претходно имале меѓусебен конфликт. 18-годишната девојка го пријавил случајот во полиција, а оттаму за „Прес24“ велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

„На 08.05.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.Г.(18) од с.Дрма, скопско, пријавила дека околу 13.30 часот во автобус на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од две женски лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, ни изјавија од МВР.

На 08.05.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож, информира МВР.

Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.