Старите долгови од градоначалникот Коце Трајановски ја блокираа сметката на град Скопје

|

Сметката на град Скопје е блокирана, дознава Телма од свои извори. Неофицијално станува збор за неисплатен долг од градот кон Скопскиот саем, а следна на листата се наоѓа и една банка. Информацијата дека сметката е блокирана ја демантираат од градот,но потврдуваат дека имаат неплатени обврски кон приватни субјекти.

Сметката на градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата. За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту екс-градоначалникот Петре Шилегов, појаснуваат од Град Скопје.

Ваквиот начин на работа на овие политичари, и нивните политички опции не само што го загрозува работењето на градот, како во случајов, туку 33 години ја става државата во должничко ропство. Повеќе од три децении граѓаните на Р.Македонија отплаќаат долгови кои ги генерира секоја владејачка гарнитура, полнејќи ги сопствените приватни џебови со пари кој денес ги враќаат граѓаните, се наведува во демантот од Град Скопје.

Според извори на Телма од градот Скопје, преку советот со пренамена на средства ќе пробаат да ја одблокираат сметката. За обвинувањата на Арсовска пак за наследени долгови од претходните градоначалници, нивни бислки соработници во нивна одбрана велат дека во гратската каса ја оставиле преку 10 милиони евра, и тврдат дека таа сега е сведена на само 10 милиони денари. Обид за извлекување од фиансиката состојба, градскиот совет ќе има на нарената седница, која е закажана за две недели.

Симона Петровска