Сончево и потопло време, ќе има услови за пороен дожд

|

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а дневната ќе се движи од 17 до 23 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.