На 12.05.2023 околу 10.40 часот во Куманово, на бул. „Трета македонска ударна бригада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.С.(40) од с.Гошинце, кумановско и мопед „РКС снипер 50“, управуван од С.И.(45) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата С.И. се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.С. со телесни повреди, констатирани во Општата болница-Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Исто така, на 12.05.2023 околу 09.35 часот во Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(40) од Скопје удрил во пешак К.М.(30) од Скопје.
Во несреќата К.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.Т. со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.