14-годишно девојче било жртва на сексуално подведување на група од 11 лица, потврди Спасовски

|

Станува збор за трговија со луѓе, практично трговија со дете кое честопати било злоупотребувано, за случајот е откриено преку криминалистички истражувања и информации кои ги споделуваат колегите во МВР, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајаќи на новинарско прашање во врска со последниот случај со подведувањето на 14-годишно девојче од страна на 11 лица, министерот рече дека 10 лица кои биле дел од синцирот на трговија со луѓе веќе се изведени пред судија и најави повеќе информации во следниот период.

Во периодот од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.

-Врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар од слобода се лишени две лица, а едно лице се наоѓа надвор од земјава, е наведено во првичното соопштение на МВР.