Силен земјотрес ја погоди Колумбија

|

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Вилависенсио, на длабочина од 30 километри, јавува Ројтерс.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.