|
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 23:40 часот во Куманово ги уапсиле М.С. на возраст од 62 години и 55-годишниот Г.П. и двајцата од Куманово.
„Лицата биле приведени постапувајќи по претходна пријава според која околу 23:10 часот во куќа во Куманово, каде престојувале, физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото“, информираа од МВР.
За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.