Од 71.000 на 126.000 денари покачена платата на министерот Бесими

|

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

Информира дека зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1.060 функционери и дека за таа намена до крајот на годинава од Буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари.

„Добро е што Уставниот суд го укина спорниот член од 2012 година за коефициентите на платите наместо да го поништи. Ако го поништеше на функционерите ќе требаше да им се исплати застостанат долг за речиси 11 години со затезни камати“, рече Бесими.

Смета дека сега не е најповолно време за усогласување и зголемување на платите во јавниот сектор, бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и препорачува зголемувањето на плати да се имплементира следната година. Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор.

Целиот текст прочитајте го на Гостивар прес со клик ТУКА.