Бесими денеска откри дека неговата плата за април изнесувала 125.960 денари, додека досега добивал околу 71.000 денари месечно.
„Оценката на министерот дека дијалогот во Економско-социјалниот совет за зголемување на платите ќе потрае и дека побрзо ќе се утврди методологијата за плати во јавен сектор (онаа против која се сите синдикати) со која ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, ќе остане само негова пуста желба. До кога Владата ќе глуми социјален дијалог, до кога владините претставници ќе зборуваат едно на ЕСС, а друго по медиумите и дали некогаш ќе се засрамат за тоа што си ги зголемија платите за 78 отсто во најголемата инфлација, а со ништо не заслужија такво зголемување?“ – прашуваат од ССМ.
Синдикатот прашува и „дали функционерите имаат совест кога говорат дека дека ако се зголемат платите на работниците ќе се покачи инфлацијата, додека 1.100 од нив си ги покачија примањата?“.
„До кога со ваквите политики на Владата, работниците ќе немаат ниту за леб туку за трошки, а функционерите за торта и колачи и до кога работниците ќе ги толерираат ваквите функционери! Нема друга држава во Европа и во светот каде што функционерите си ги зголемиле нивните плати за 78 отсто, а единствено зголемување за работниците е само работното време и тоа за 78 отсто“, се вели во соопштението од ССМ.
Синдикатите апелираат работниците масовно да им се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, наведувајќи дека „само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!“.