Метеорит им паднал во куќата, го пробил покривот и завршил во спалната соба – Семејство во шок

|

Семејство од Њу Џерси вели дека е во шок откако метеорит им го пробил покривот. Кристин Лојд вели дека метеоритот завршил на подот од семејната куќа на нејзиниот татко во градот Хоупвел.

Метеоритот го пробил покривот, поминал низ таванот и завршил на подот. Но, тоа не било крајот на неговата траекторија, додава тој, бидејќи метеоритот се одбил и повторно удрил во таванот, завршувајќи на второто место на подот.

Парчето кое „патувало“ низ нивниот семеен дом е со големина од 10 до 15 сантиметри. Факултетот за наука на Универзитетот во Њу Џерси потврди дека делот дошол од вселената.

-Возбудени сме што можеме да потврдиме дека објектот е вистински хондрит метеорит, рече шефот на одделот за физика Нејт Меги.

Семејството вели дека во моментот на ударот во куќата немало никој.