Српски и хрватски студенти демолирале хотел во Охрид (ВИДЕО)

|

Студенти од Загреб и Србија демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија, пишуваат хрватските и српските медиуми. Менаџерот на хотелот се огласил, како што пренесува „24сата.хр“, и соопштил дека загрепските студенти биле агресивни.

-Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имаме големи групи студенти, но ова досега не сме го имале, никогаш немало проблем, вели менаџерот на охридскиот хотел.

На објавеното видео од хрватскиот медиум може да се види скршен хотелски инвентар, искршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален.

Наводно, студентите палеле факели во собите и ходниците.

Претставникот на студентите од Кинезиолошкиот факултет од Загреб тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена.

-На тој кат воопшто немаше студенти од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш им пишав во групата да не прават проблеми, изјавил Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз при Факултетот за кинезиологија.

-Таму имаше 12 факултети, ние сме еден од најголемите и не е во ред да не обвинуваат. Загреб не направи штета и не видов некој да прави проблеми со мои очи, ако направи, јас сум првиот против тоа и ќе седнам со нив и ќе разговарам. Она што го видов со свои очи беше момчиња од Мостар како кршат вазни. Бевме 217 и секој од нас даде по 20 евра депозит кој не го вративме, а имаше вкупно 1250 луѓе. Сите беа на забавата по ходниците. Видов дека има некоја штета, но од нашиве загрепчани не бев сведок дека некој нешто фрлил или скршил, велат дека сите сме агресивни, но нашите биле пријателски расположени.

– Дојдовме таму да се забавуваме и да се дружиме, а на крајот се паѓа на Загреб затоа што бевме најмногу. Не можам да влијаам на момците од Мостар кои ги видов како фрлаат вазни низ хотелот, можам само на нашите , изјавил претседателот на С.З.