|
Утрово на повеќе локации во околината на Скопје врие од полиција. До редакцијата на Бриф дојдоа информации дека полициски службеници во поголем број се забележани во населбите Синѓелиќ и Арачиново, но и дека се апсат криминалци.
Министерството за внатрешни работи најави соопштение и повеќе детали по завршувањето на акцијата.
Имено во тек се претреси во домови на повеќе места и откако ќе завршат во текот на денот ќе излезат со соопштение.