Маж уценувал жена дека ќе објави компромитирачки слики ако не му даде пари

|

Скопјанец заработи кривична пријава поради уцена.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од 17.03. до 21.03.2023, пријавениот, преку мобилна апликација, во повеќе наврати уценувал жена од Скопје дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари“, велат од МВР.

За жал ова не е единствен ваков случај периодов, МВР претходно денес исто така извести за уште еден друг сличен настан кој се случил во Виница.

Вербална расправија со невенчаната сопруга, 26-годишен жител на Виница ја продолжил со физички напад и на крај ја принудил на полов однос, кој го снимил. Пријавен е во полиција, која потоа го лишила од слобода.

-На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20 – годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип.

За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.