НОВА ТУРА НА ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НЕВРЕМЕ

|

Во текот на претстојната ноќ, како и во следниот период во Македонија продолжува периодот на МНОГУ ПРОМЕНЛИВО и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места се очекува и развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, а поради очекуваните нови врнежи, во следните денови можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Во Скопје исто така продолжува променливото време. Во делови од котлината повремено ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите овие денови на повеќе места ќе се искачат до околу, па и над 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели накратко ќе се искачат и малку над 25 степени. Сеуште нема никаква најава за првиот поизразен топлотен Африкански бран, како што доликува да овој дел од годината. За истиот и понатаму ќе си чекаме, и ќе се изначекаме.

Ваквото многу нестабилно и врнежливо време ќе се задржи до самиот крај на овој месец. Нашата територија, како и целиот Балкански Полуостров е под влијание на моќен циклонски систем од запад. Во регионот веќе на повеќе места има и поплави поради огромното количество на наврнат воден талог. Опасност од нови поплави во регионот ќе има и во следните денови.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!