Налепници наместо таблици – колку ќе чинат уште не се знае!

|

Од Владата објаснуваат дека ќе треба да се стават налепници на возилата што имаат таблички со ознаката „МК“, како и на оние што имаат таблички на кои е наведено само регистрациското подрачје, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, кои се поврзани со бројот на регистарската табличка. Има три типа важечки регистарски таблички за автомобилите во Македонија: едни се со ознаката „NMK“ на почетокот од табличката, други се само со „МК“, а трети се со старите таблички на кои е само регистрациското подрачје (на пример, за Скопје стои SК со трицифрен бројчен код). Од МВР велат дека и кај трите типа таблички што се со правоаголна форма, како и за моторите чии таблички се со четвртеста форма, ќе се лепи налепница, за која засега не се знае колку ќе чини