Со „зоља“ гаѓал и урнал зграда во српското село Платичево, полицијата го уапси

|

Во српскиот град Рума полицијата добила анонимна пријава дека непознато момче истрелало проектил од рачен ракетен фрлач кон напуштен објект во близина на железничка станица во селото Платичево.По силната експлозија дошло до уривање на помала зграда која се наоѓала наспроти станицата, јавуваат српските медиуми. Нема повредени луѓе во инцидентот.

Попладнево српската полиција го уапсило момчето на возраст од 25 години, кое според неофицијални информации, неодамна е пуштено од невропсихијатриско лекување.