Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д. (21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Полициските информации се дека на 17.03.2023 во село Митрашинци, Беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа во која било присутно неговото семејство, загрозувајќи ја нивната сигурност.
На 19.05.2023 во 02.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фуштанска“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(41) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.