КРАТКОТРАЈНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ДОЖДОТ – ОД НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ И СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА НОВА ТУРА НА ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

|

Во текот на претстојната ноќ, како и утре во Македонија краткотрајно ќе имаме постабилна Атмосфера, а утре повторно ќе има повеќе сончеви периоди. Сепак попладнето ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од недела, па во текот на следната седмица кај нас продолжува периодот на многу променливо и нестабилно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради изразената влажна и нестабилна воздушна маса, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапена во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Долготрајна стабилизација на времето засега нема на видик, и за истата ќе се изначекаме.

Температурите ќе се искачуаат во интервалот од 16 до 25 степени. Повремено истите во најтоплите централни и југоисточни предели ќе се искачуваат и над 25 степени.

Во Скопје и околината исто така од недела следува долг период на многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!