Докторката Ранка Радуловиќ одговори на изјавите на таткото на девојче кое беше убиено во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, дека им пуштала народна музика на децата во тоа училиште и „ги поврзувала со душите на нивните починати соученици“ како еден вид на сеанса, при што децата расплакани и ужаснати се вратиле дома.
„Време на жалост. Некој тагува во тишина. Некој преку медиумите. Некој пружа психијатриска прва помош. На повик. Со срце, ум и искуство. Сите со ред. Наставниците, учениците и родителите. Граѓаните.На прва линија. Не еден, сите денови. Секогаш“, наведе Радуловиќ.
Негиќ, чија ќерка беше меѓу децата кои беа убиени на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, синоќа во емисија на „Нова“ изјави дека некои од децата на психотерапија „слушале народна музика“ откако се вратиле на училиште и како што рече, „се поврзале со духовите на нивните соученици во присуство на терапевтот“.
Негиќ додаде дека ќе ги искористи сите законски средства „за овој доктор никогаш повеќе да не работи“, велејки дека тој и мајка на една ученичка која му раскажала стојат позади изјавата и истата ќе ја потврдат и на суд доколку е потребно.
Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ продолжи и денеска, со намалени часови, без оценување и со присуство на шест полицајци во училиштето во секоја смена. Некои родители, пак, бараат да се заврши учебната година за тоа училиште.
На 3 мај се случи масовно убиство кога тринаесетгодишен ученик од седмо одделение уби девет ученици и училишниот чувар.