Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите да ги спроведат реформите потребни за да се подготват за следната пандемија.
Тој ги повика и да ја почитуваат претходната заложба за зајакнување на финансирањето на здравственаuта агенција на Обединетите нации.
Крајот на ковид-19 како глобална здравствена опасност не значи и крај на глобалната здравствена закана, рече тој на годишното здравствено собрание на СЗО.
Тедрос потсети дека пред три недели ставил крај на пандемијата со ковид-19 и дека тоа е момент за олеснување и размислување.
„Охрабрувачки е да се види животот како се враќа во нормала – да можеш да гушкаш пријател, да патуваш и да се среќаваш слободно. Веќе некое време сме заложници на овој вирус, така што како што реков, тоа е олеснување“, рече Тедрос.
Според него тоа не значи дека ковид-19 автоматски престана да биде закана за глобалното здравје.
„Останува опасноста да се појави друга варијанта, која ќе предизвика нови бранови на болести и смрт. Исто така, останува заканата од појава на друг патоген со уште посмртоносен потенцијал“, предупреди Тедрос.