СЕ ДО КРАЈОТ НА ОВАА СЕДМИЦА ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ЧЕСТА ПОЈАВА НА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР – МОЖНО Е НЕВРЕМЕ

|

Се до крајот на оваа седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и нестабилна воздушна маса.

Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Повремено се очекуваат ИНТЕНЗИВНИ врнежи и локално во текот на оваа седмица ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2). Токму поради ова очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а постои опасност и од локални ПОПЛАВУВАЊА.

Апелираме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на електрични празнења и на силен ветер, но и поради поројните врнежи кои следуваат и кој би донеле опасност од ПОПЛАВУВАЊА.

Во Скопје и околината исто така до крајот на оваа седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!