Усмртен пешак во Ѓорче Петров

|

На 22.05.2023 во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од с.Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје, информира МВР.

По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.