|
Во скопската полиција вчера е пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“, при хируршка интервенција бил изваден проектил од огнено оружје од пациентот Д.П.(21) од село Бразда, скопско.
На 18 овој месец тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, при што изјавил дека паднал во дворот, и, како што рекол, се повредил од метален предмет.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.