Се облекуваше како момче и сакаше да го смени полот, а денес е вистинска убавица: Еве како изгледа ќерката на Џоли и Пит (ФОТО)

|

До неодамна Шајло Џоли-Пит инсистирала да ја викаат Џон. Излегуваше облечена како момче, ја потстрижуваше косата кратко, па беше дури тешко да се разликува од нејзините браќа.

Според новинарите, дури размислувала и да си го смени полот.

Сепак, нешто се смени пред неколку години. Најстарата биолошка ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит почна се повеќе да се појавува во женствена облека, ја пушти косата долга и веднаш стана многу слична на нејзината мајка.

Според упатените, девојката која ќе наполни 17 години, драстично созреала. Според некои светски медиуми, Шајло има дури и момче. Згора на тоа, судејќи според нив, славната мајка го одобрила и тоа бил главниот услов на Џоли – да го запознае секој потенцијален дечко.

Но, досега никој не успеал да го фотографира парот. Шајло се труди да не ја промовира својата врска и засега успешно се крие од медиумите.

Откако разводот на нејзините родители се најде на насловните страници, таа претпочита да го држи приватниот живот навистина приватен. Важно е среќна, многу и е пријатно со своето момче, објавија странските медиуми, наводно цитирајќи извори од најтесниот семеен круг.