ДО САМИОТ КРАЈ НА МАЈ ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА НЕСТАБИЛНОСТА – СЕ ОЧЕКУВААТ СЕ ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ

|

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, и на влажна и нестабилна воздушна маса, се до самиот крај на овој месец, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност и истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Повремено и локално до самиот крај на овој месец се очекуваат и ИНТЕНЗИВНИ врнежи (локално над 60 л/м2 воден талог). Можни се и локални ПОПЛАВУВАЊА.

Апелираме граѓаните и тоа во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така до самиот крај на овој месец ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можно е и НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Сепак ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од југ, па така и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, и тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината. Во Скопје и околината температурата во следните денови ќе се искачува до околу, или малку над 25 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!