Пратеничката Снежана Ванчева го утна украинскиот спикер: Моето име е Руслан и јас не сум претседател на Украина

|

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук се пофали со фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина.

-СРЕДБА СО ОЛЕКСАНДАР ТУРЧИНОВ, СПИКЕР НА ВРХОВНАТА РАДА, КОЈ ВОЕДНО ЈА ИЗВРШУВА ПРИВРЕМЕНО И ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА, ВО РАМКИТЕ НА СТУДИСКАТА ПОСЕТА ЗА ДЕМОКРАТСКИ РАЗВОЈ НА ШВЕДСКИОТ РИГСДАГ, НАПИША КАЛЕВСКА-ВАНЧЕВА.

Но, самиот функционер, набрзо по објавата, се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

-ДРАГА СНЕЖАНА, ДРАГО МИ Е ШТО СЕ ЗАПОЗНАВМЕ, НО МОЕТО ИМЕ Е РУСЛАН СТЕФАНЧУК, ЈАС СУМ СПИКЕР НА УКРАИНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, А ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА Е ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ, ЈА ПОДУЧИ СТЕФАНЧУК ПРАТЕНИЧКАТА ОД СДСМ.

Калевска-Ванчева не ја избриша фотографијата, туку само го измени описот, но сепак не беше доволно брза и нејзиното непознавање стана вирално.