|
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски стана татко. Тој и неговата сопруга добија син.
Радосната вест преку социјалните мрежи ја објави токму Николоски.
-Денес ја добивме најголемата радост! Се роди нашиот син Јосиф Николоски! Сопругата Александра и јас, како и цело семејство пресреќни!, пишува во својата објава Николоски.