Во текот на вчерашниот ден биле прегазени четири пешаци на територијата на Република Македонија.
Најпрво во 11.40 часот било пријавено дека во Струга на ул. „Партизанска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.Б.(55) од с.Лабуништа-струшко удрило во М.Ч.(54) и С.З.Ч.(53) двајцата од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ч., а со телесни повреди се здобила С.З.Ч., констатирани во Медицинскиот центар Струга.
Потоа во 18.45 часот било пријавено дека во Тетово на бул. „Видое Смилески-Бато“ патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ќ.Д.(70) од Тетово удрило во Х.А.(52) од с.Порој-тетовско.
Во несреќата Х.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Додека во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Ацо Шопов“ патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(23) од Скопје, удрило во Ц.Д.(50) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ц.Д., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.