|
Двајца добитници на џекпот на британската лотарија ќе поделат девет милиони фунти (околу 10,4 милиони евра), по извлекувањето одржано во средата, објави „The Sun“.
Победниците ќе инкасираат по 5,2 милиони евра, бидејќи ги погодиле сите шест извлечени броеви.
Добитните броеви се 3, 4, 10, 13, 14 и 36, а бонусниот број е 18.
Британија доби уште еден милионер бидејќи третиот победник ја постигнал наградата од 1 милион фунти. Вкупниот награден фонд изнесувал 16,2 милиони фунти (18,7 милиони евра).