Дал пари за да добие германска виза: Ама го измамиле, па останал и без виза, и без пари

|

На 29.05.2023 во 15.40 часот во СВР Тетово, 44-годишен маж од Гостивар пријавил дека Н.Н. од тетовска Мала Речица пред неколку години му ветил дека ќе му обезбеди работна виза за Германија, за што му дал пари.

Според пријавеното, Н.Н. ниту му обезбедил виза, ниту му ги вратил парите. Се расчистува и документира случајот по што ќе следува соодветна пријава.

Исто така, приведен е 30-годишен велешанец, кој се сомничи за повеќе тешки кражби во фирми и куќи.

Според информациите на МВР, кражбите ги извршил во периодот од 21.04.2023 до 28.05.2023 на подрачјето на СВР Велес.

На 21.04.2023 извршил тешка кражба во фабрика во Велес, на 24.04.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Г.Ј. во место викано „Долна Брца“, на 28.04.2023 во фабрика во Велес, на 02.05.2023 тешка кражба во викенд куќа во место викано „Три дола“ сопственост на Г.В., на 16.05.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Д.Б. во место викано „Сариер“ и на 28.05.2023 тешка кражба во гаража од семејна куќа на ул.„Вера Циривири“, сопственост на Ј.Б. од Велес. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето е приведено во Полициската станица Велес и по целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.