|
Поради асфалтирање, од денеска до 3 јуни регионалниот пат 1102, делница Велес-Градско, од 8 до 16 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.