|
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8
Утринските температури ширум земјава ќе се движат од 8 до 14 степени, а дневните во интервал од 22 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна темпаратура 31 степен.
Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.