Уапсени поранешниот градоначалник на Центар Тодоровиќ и соработници, за перење пари

|

Синоќа се уапсени поранешниот градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ и соработници.

Тие се упасени под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“ вреден 700 милиони евра.

По поминатата ноќ во полициска станица, се очекува тие сега да се изведени пред судија на претходна постапка во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд Скопје.

Надлежно за овие крицични дела е Обвинителството за организиран криминал и корупција бидејќи осомничените го оштетиле државниот буџет. Истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.

Како што објави СДК.МК, оваа истрага е отворена ушпте во времето на СЈО. Главните докази низ годините се обезбедувале во Италија, каде што се лиени спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Овие кривични дела каде што е оштетен Буџетот не застаруваат неколку децении.