Директорот на „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ конечно ја откри вистината во врска со деталите од договорот што го потпишаа финалистите на популарниот натпревар.
Победник на неодамна завршената сезона е Славица Ангелова од Македонија.
Сите финалисти го потпишуваат договорот, а многумина се плашат од него – искрен е Поповиќ.
„Направен е само за оние кандидати кои можат да одработат и од кои можеме да направиме настапи од 1.000 до 10.000 евра, како што имаат денес Александра Младеновиќ, малата Зорана Миќановиќ, Урош Живковиќ. Ако некого можеме да направиме ѕвезда и да успееме да заработиме многу пари и за себе и за продукцијата, тогаш тој договор е активен, ако не можеме тогаш ги оставиме да работат како што работеле досега“, објасни Саша во интервју за порталот Гранд.
Јасен е и начинот на распределба на парите.
„Продукцијата зема 30 проценти, а нивни се 70. Но, не можете да земете 30 проценти од некој што пеел за 100 евра, а сега пее за 400. Нема шанси! Но, ако некого подигнеме на неколку илјади, тогаш се прават калкулации и на таквите кандидати им даваме песна, се грижиме за нив. И тие договори се навистина активни! Но, децата што пеат за неколку стотини евра, тоа се нивни пари и можат да работат исто како и пред да го потпишат договорот, а за возврат сите имаат реклама и маркетинг девет години“, заклучи Саша Поповиќ.