Опасност од карпа повеќе од 18 дена виси над автопатот Скопје-Велес, по првиот тунел

|

Oд Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратено известување за опасност од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а после првиот тунел, до Јавното Претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и до Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта.

За истата опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, има повеќе јавувања – пријави од граѓани.

-Ситуацијата со опасната карпа и можен одрон на дополнителен материјал од високиот масив покрај автопатот, при нејзино паѓање, налага превентивно е дека корисно во најбрз можен рок да биде извршена санација и отстранување на наведената карпа, како превенција да не дојде до загрозување на човечки живот и на уништување на материјални добра, велат од ЦУК.

Конкретно, известувањето од ЦУК, до јавните претпријатија, е ургенција за преземање на мерки и активности во надлежност на јавните претпријатија за санација – отстранување на карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а после првиот тунел. Имено, повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња од карпа и камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, односно постои директна опасност по животот на луѓето и материјални добра на учесниците на сообраќајот.

-Утрово од тим на ЦУК беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје – Велес, при што беа забележани на повеќе локации мали карпи и камења коишто, иако се заштитени со мрежи, е можно истите да се стркалаат на брзата сообраќајна лента.

По нашето неодамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препорачливо е да направат стручен надзор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони, велат од ЦУК.