Товарните возила со тежина над 15 тони во летниот период ќе мора да се движат согласно утврден привремен режим за време на викенд и во денови со екстремни температури. Од утре и до крајот на август ќе има забрани за движење на овие возила во петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и лесно расиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта – информираат од „Макам-транс“.
Дополнително од први јули до 1 септември на магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на товарни моторни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Забраната за петок е од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.
– Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел…
Целиот текст прочитајте го на Вечер со клик ТУКА.