Ние цврсто стоиме на ставот да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахемти, во изјава за ТВ21, денеска по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево, рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто, бидејќи за тоа било гласано на генералниот совет на партијата.
Мерко мора да биде под истрага. Тој не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина, изјави Ахмети за ТВ21, прашан за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.