Апсење во Скопје: 66 годишник баран со потерница поради семејно насилство

|

Денеска во Скопје е приведен 66-годишен насилник со ицијали Е.О., за издржување казна затвор.

За него била распишана централна потерница, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување казна затвор, поради постоење основано сомнение дека сторил семејно насилство, велат од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.