Пациентите со цистична фиброза со прашање до премиерот и министерот Меџити: До кога тој ТРУЛ СИСТЕМ во ДРЖАВАТА ќе не МАЧИ и ДРЖИ во НЕИЗВЕСНОСТ?

|

Игор Пехчевски е решен да до крај да се бори за него и сите пациенти со цистична фиброза, за тие да го добијат лекот трикафта.

Овој пат тој со порака преку социјалните мрежи се обрати до премиерот Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и до министерот за финансии Фатмир Бесими.

“До кога тој ТРУЛ СИСТЕМ во ДРЖАВАТА ќе не МАЧИ и ДРЖИ во НЕИЗВЕСНОСТ нас пациентите со Цистична фиброза⁉️

Господа од ВЛАСТА дали би дозволиле да се прави сето тоа на ВАШИТЕ деца, што Вие на нас ни го правите❓ Да сме на ВАШЕ место и да ги држиме во НЕИЗВЕСНОСТ со ГОДИНИ и со МЕСЕЦИ❓

Дали сте свеснии колку е ЖАЛНО и БОЛНО да ги држите болни луѓе во НЕИЗВЕСНОСТ за лек од кој ЖИВОТОТ им зависии⁉️

До кога оваа БИРОКРТИЈА ќе траее ⁉️

До кога нас и нашите семејства ќе не држите во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ⁉️
До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со ЗДРАВЈЕТО.

НЕМОЖЕ и НЕДОЗВОЛИВО е да ни ги УСКРТУВАТЕ лековите кои ни се со УСТАВ загарантирани и од кој зависии нашиот ЖИВОТ нашата ИДНИНА❗️

Го бараме лекот ТРИКАФТА (KAFTRIO) ВЕДНАШ❗️❗️❗️”, стои во објавата.