Многу луѓе синоќа беа сведоци на спектакуларни сцени од Месечината, а причината e во фактот што таа беше поблиску до Земјата за околу 22.000 километри од вообичаеното.
Јулската Супермесечина е првата од четирите таканаречени супермесечини што ќе се појават оваа година, а воедно е и најсветлата што ќе се појави оваа година.
Овој феномен објаснува зошто многу луѓе синоќа не спиеле добро. Имено, полната месечина може да го наруши сонот бидејќи испушта голема количина сина светлина. Оние кои имаа можност да ја видат се вистинските среќници, бидејќи сцените беа фасцинантни, а голем дел од луѓето ја искористија оваа единствена можност да ја фотографираат.
-Супермесечина е кога Месечината се појавува малку поголема на нашето небо. Додека Месечината орбитира околу Земјата, таа не е во совршен круг. Значи, има точки во нејзината орбита каде што е малку поблиску или малку подалеку од Земјата, изјави директорот на планетариумот Абрамс на Државниот универзитет во Мичиген, Шенон Шмол за Си-Ен-Ен.
Она што е интересно е дека повеќето години имаат 12 полни фази на Месечината, но оваа година ќе има 13. Во август ќе се појави таканаречената Сина Месечина, која ќе биде најблиску до Земјата.
https://www.youtube.com/live/sHL9Jtr-4S0?feature=share