Протече уште едно видео на Ана Николиќ: „Погледни, вошки! Немам леќи, немам пари, погледни ме на што личам…“

|

Сега се појави и друго видео со слична содржина во кое Ана Николиќ повторно се жали дека нема пари.

„Дали си нормален? Што да снимам? Погледни, вошки ќе добијам. Вошки, погледни! Сите пари… Гориво платив, ја честев онаа девојка, отидов до гробишта, купив цвеќе, немам пари! И, немам леќи! Подобро да пратиш Д… Не, Д, тој се коцка. Мене. И, леќи да ми купиш, како прво и прво. Што да снимам со очила за вид? Погледни ме на што личам, бре!“, се слуша како Николиќ зборува во ова видео.

Инаку, Ана Николиќ по целиот хаос го напуштила Белград и отишла во својот роден крај во Долна Мутница, но синоќа се вратила во својот стан во српската престолнина.

Таа неколку часа претходно во некој локал седела со своите пријатели, старлетата Маца Дискреција и екстремниот десничар Миша Вациќ, што дополнително ја шокирала јавноста.

Фотографите синоќа Ана ја фотографирале пред зграда во придружба на својот возач. Таа носела кратки шорцови и бела маица, а исто така имала и долг џемпер, а евидентно е дека целото тоа време таа не се пресоблекла.

Да ве потсетиме, Ана, вчера се огласила на социјалните мрежи во вид на видео:

„Јас главно се трудам да ги преспијам своите родендени“, се пошегувала таа.

„Јас, не“, ѝ одговорил пријателот којшто бил славеник.

„Па, не си бил ти на мои години. Колку си постар, толку повеќе ти се спие“, се пошегувала пејачката на своја сметка.