|
Полицијата информираше за два случаи на семејно насилство што се случиле во текот на вчерашниот ден во главниот град.
На 04.07.2023 во 13.30 часот, 37-годишна жена пријавила дека во домот во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.М..
На 04.07.2023 во 12.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.Т.(60) од скопско село, поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.
МВР работи на расчистување на случаите.