Внимавајте каде поминувате: Полицијата пишува многу казни и за пешаците

|

За преминување улица надвор од пешачки премин, полицијата вчера за шест часа казни 185 пешаци во државата.

Како што објави МВР, спроведена била засилена акциска контрола на територијата на Македонија од 8 до 14 часот во текот на денот.

„При контролата санкционирани се 207 пешаци, од кои 185 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин. За време на контролата санкционирани се и 112 други вида прекршоци“, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.