Розев прилепски шлепер е хит во Европа: Русокосата 25-годишна Катарина две години вози камион

|

Катарина Сечи од Нови Сад е една од ретките жени во Македонија и регионот што руши стереотипи и работи како професионален возач на камион. Дваесет и пет годишната девојка веќе две години е шофер на шлепер во прилепската фирма „Енигма транспорт“ и е вистинска мотивација за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се занимаваат со оваа професија.

Катарина освен шлепер, во слободно време вози и мотоцикли.

Пред извесно време Катарина, заедно со екипа од фирмата, беа поканети на четиридневно гостување во седиштето на „Рено трак“ во Лион, Франција, каде што го доби новиот розев убавец со кој ќе управува таа.

Новиот камион на Катарина ја чекаше украсен со балони, а на него беше испишано и нејзиното име.

Извор: Маркукуле