Ако сте во подзнак овен, вашата најголема маана е тоа што сте премногу отворени и директни. Тоа е она што ве одвојува од другите, но и прави да бидете до таа мера директни што кај луѓето доведува до одбивност. Често пати луѓето избегнуваат да бидат во ваше присуство и во ваше друштво.
Ако сте во подзнак бик, вашата најголема маана е тоа што сте премногу спори и што не умеете да одреагирате на време. Многу често важните работи „поминуваат“ покрај вас и не умеете да ги искористите вистинските моменти во вашиот живот.
Ако сте во подзнак близнаци, најголемиот проблем може да биде постојаното чувство на брзање и неможноста да се составите сами со себе. Тоа остава впечаток дека постојано сте недоискажани и нејасни што луѓето може многу да ги иритира и ретко кога вас ве бираат за бизнис партнери и соработници.
Кога сте во подзнак рак, вашата голема „болка“ се вашите емоции, односно имате проблем да ги контролирате и постојано сте под нивно влијание. Тие се со многу променлив карактер и силно влијаат на вашиот секојдневен однос со околината.
Ако имате подзнак во знакот лав, најголемиот проблем е вашата суета и потребата да доминирате по секоја цена. Тоа вас често ви се враќа како бумеранг да наидувате на љубовни партнери кои исто така сакаат доминација и контрола над вас.
Ако сте девица во подзнак, вашата најголема маана е потребата постојано да критикувате, колку себе толку и другите. Тоа ви е „вродена“ карактеристика – постојано да одите во детали и да ги оптеретувате другите со своите проблеми.
Кога сте родени во подзнак вага, најголемиот проблем е вашата неодлучност. Често дозволувате луѓето да доминираат над вас и да одлучуваат место вас. Ова посебно се однесува на љубовните врски кои може потполно да ве загушат.
Ако сте во подзнак шкорпија, луѓето се многу резервирани кога е во прашање вашата доверба и однесување. Ретко кога отворено зборувате и луѓето никогаш не знаат што им мислите.
Стрелецот во подзнак е многу слободен и мисли само на себе до степен на себичност. Тоа е она на што луѓето најмногу ви замеруваат во врските со другите луѓе. Делувате своеглаво и вообразено.
Кога личноста има подзнак во знакот јарец, најголема маана и е строгоста. Ова се луѓе кои се премногу горди и не дозволуваат другите да видат како се чувствуваат. Поради таквото однесување често се без вистински пријатели.
Ако имате подзнак во водолија, вашата најголема маана е непостојаното однесување. Луѓето никогаш не се на чисто со вас како ќе изреагирате затоа што сте склони и кон хистерија, но и кон прекрасен пријателски тон.
Подзнак риби има маана што носат „розеви“ наочари и светот секогаш го гледаат од агол на доверба. Премногу се трошат емотивно и се даваат безрезервно, не умеат да бидат посветени на вистински начин во љубовта.