Струјата пристигна, но кој ќе ја сноси одговрноста за прекинот на струјата во Слупчане, Лојане и Липково се уште не се знае

|

Струјата пристигна и донесе радост, но одговорите кој ја скуси за жителите на Слупчане, Лојане и дел од Липково се уште се мистерија. Вербалната војна со препирки помеѓу жителите и ЕВН хоум која изби вчера, синоќа се претвори во протести и мешусебни обвинувања, а ја кренаа на нозе и извршната власт.

Десетина илајди жители добиле инфорамија дека струја ќе нема заради санација на дефект во напонската мрежа, но откакo екипите пристигнаа да ја вклучат жителите на село Слупчане тврдат дека струјата намерно е исклучена од стручни лица, а не од граѓаните.

Но, во известувањто на ЕВН Хоум се тврди дека дошло до дефект заради обиди на поединци да се приклучат на диво и да продолжат да крадат струја, дополнително ЕВН хоум потенцираше дека во овие наслени места се рекордери на црната листата неплаќачи.

Жителите добија струја, а ЕВН хоум ветување дека ќе се плаќа и нема да се краде.

По синоќешните протести на влезот од селото во кои беа запалени гуми на екипите на ЕВН не можаа да пристапат, полицијата интервинриаше. Во молбите за смирување на ситуацијата се вклучија и градоначланикот, но и надлежниот миснтиер Крешник Бектеши.

Слупчане, Оризари, Ваксинце Лојане се населени места спроед ЕВН хоум, кои плаќале само една петина од приклучените струјомери. Но, уште поголем е бројот на оние кои на диво се приклучени.

Ваквите наводи ЕВН хоум ги темели на губитовцие на електричан енергија од 6 гигавати, или приближн еден милион евра на годишно ниво. Дел од губитоците се пресметани во трошоците за редовните корисници на ЕВН хоум.

Пaвле Беловски