54-годишник силувал млада девојка со кој претходно бил во љубовна врска

|

Вчера вечер, околу 20.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот Ф. Т. од Неготино, Полошко.

Тој претходно бил пријавен од 19-годишна жителка на гостиварско село, со која претходно биле во љубовна врска, дека во стан во Гостивар ѝ извршил обљуба.

Нешто подоцна, при претрес во неговиот дом, реализиран со судска наредба, биле пронајдени остатоци од бела прашеста материја.

Полицијата соопшти дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува поднесок.