По трет пат неделава, земјата поставува рекорд во раст на просечна температура

|

Зголемувањето на просечната температура на земјата постави нов рекорд во четвртокот. Ова е трета таква пресвртница во една недела која веќе беше оценета како најжешка досега.

Според податоците од климатскиот реанализатор на универзитетот во Мејн, алатка која користи сателитски податоци и компјутер симулации за мерење на состојбата во светот, просечната температура бележи серозен пораст.

Тој просек ги вклучува местата како Џингсинг, Кина, каде е забележано 43,3 степени целзиусови и на Антарктикот, каде температурите низ поголемиот дел од континентот биле дури 8 целзиусови степени што е 4,5 целзиусови степени над нормалата оваа недела.

Податоците се сметаат за уште еден вознемирувачки знак за климатските промени низ целиот свет.