Поради очекуваниот екстремно топол Африкански бран, кој особено од среда ќе ја зафати нашата држава, но и целиот регион и ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, на многу места над 35 степени, локално до и над 40 степени, а кај нас во најтоплите централни и југоисточни предели дури и до 43 степени (под сенка), додека на сонце температурите локално ќе се искачат и над 50 степени, расте опасноста од појава на шумски пожари.
Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи во природа, со цел да не дојде до појава на големи шумски пожари.
Овој Африкански екстремно топол бран ќе донесе и подолготрајно сушно време. Ув индексот со овој топлотен бран ќе има екстремно висока вредност, и ќе има коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, но и да пијат повеќе течности.
Во Скопје за време на овој екстремно топол Африкански бран, и тоа особено од среда па натаму максимумот на температурата ќе се искачува некаде до околу 40, 41 степени.
Соседна Грција пак има можност да руши и температурни рекорди. Токму во оваа соседна наша држава максималните температури локално ќе се искачат до околу 46, 47 степени.
НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани температури ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки, и локално тие ќе се искачуваат дури над 50 степени.